Промоцијата на публикацијата: Машина за преименување
admin1 – December 1, 2010 – 12:24pm
Press to exit
 

Press to exit project space ве поканува на промоцијата на интердисциплинарната публикација Машина за преименување, во петок, 3 декември, 2010 година, во Културниот центар ЦК, од 18 часот.  Уредничка на публикацијата е д-р. Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка која предава историја и теорија на уметноста на Факултетот за ликовни уметност во Скопје.

Книгата е во издание на независниот П.А.Р.А.С.И.Т.Е. Институт од Љубљана и е резултат на три-годишниот кураторски проект на Милевска кој се состоеше од три изложби и десетина конференции, семинари, предавања и работилници. Во сите овие сегменти на проектот како и во самата публикација со свои авторски дела учествуваа околу осумдесет учесници: уметници, куратори, блогери, теоретичари и истражувачи во областа на уметноста и културата.